Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пристигнаа голем број реакции по финалниот меч на Европското првенство (ЕП) меѓу Италија и Англија, кој го добија „аѕурите“ на пенали.
По освојувањето на титулата, легендарниот италијански фудбалер Алесандро Алтобели беше остар кон Англичаните.
„Убаво е да се победи против Англија во Лондон. Тие секогаш мислат дека се најдобри, а имаат еден зарѓан трофеј од 1966 година. Не ги разбирам Англичаните. Секогаш мислат дека се најдобри, дека се мајстори и дека освојуваат трофеи“, вели Алтобели.
Овој 65-годишен Италијанец во минатото настапи на 61 меч за Италија, а триумфот против Англија го прослави бурно и со многу емоции, по што реши да ги провоцира Англичаните.