Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија направи историски успех со пласманот на Европското првенство (ЕП), каде што за жал запишавме три порази, но и покрај тоа македонските фудбалери го дадоа максимумот на теренот.
Агенцијата за млади и спорт (АМС) организираше прием на капитенот Горан Пандев и поранешниот селектор Игор Ангеловски.
„Европското е голем успех за секоја репрезентација, особена за нашата. И покрај големите остварувања во мојата долгогодишна фудбалска кариера, за мене настапот на европско првенство со мојата репрезентација е моментот кој го чекав сите овие години“, вели Пандев.
Ангеловски истакна дека имал огромна чест да биде прв селектор-предводник на репрезентација која настапува на едно големо натпреварување како што е европското првенство.
„Тимот докажа дека кога има слога, има и успех. Без разлика кој од каде доаѓа нашите репрезентативци докажаа дека сплотеноста на тимот е предуслов за тоа што го постигнавме. Покажавме дека сме мала земја со големо срце“, кажа Ангеловски.
Директорот Мојсовски им се заблагодари и им додели благодарници за досегашните успеси и за сите позитивни емоции кои ги предизвикаа кај целокупната нација.
„Јас доаѓам од спортот и знам како треба да се вреднува спортскиот дух. Мојата цел како директор на Агенција за млади и спорт и на секој еден кој бил дел од спортот да го добие тоа што го заслужува, а за тоа потребна е добра организација, тимска работа и пред сѐ чесна трудољубива работа и на самите спортисти, како и на клубовите и федерациите кои ги поддржуваат. Најдобар пример за тоа се капитенот Пандев и селекторот Ангеловски“, вели Мојсовски.