Барселона преговара со млада ѕвезда, која сепак ќе потпише за Реал Мадрид?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Барселона има големи финансиски проблеми, а со многу фудбалери се преговара за продолжување на договорот под други услови или намалување на плати на некои од играчите, а еден од нив е младиот Илаиш Мориба.

Преговорите меѓу Мориба и Барселона во моментов се запрени, а тимот од Каталонија смета дека тоа е заслуга на Реал Мадрид, кој го уништил нивниот план да потпишат договор.

Мориба е еден од најдобрите момчиња од „Ла Масија“ во претходните години, а договорот со Барселона му завршува во 2022 година, па Каталонците затоа сакаат да ја продолжат соработката.

Барселона го извести Мориба дека нема да може да тренира со остатокот од тимот во текот на подготовките за новата сезона додека не потпише нова соработка.

Медиумите објавија дека Реал гледа голем потенцијал во Мориба и поради тоа сака да им го украде на ривалите.