Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо засега е во Јувентус, но не е познато дали ќе остане во тимот и следната сезона. Екипата е подготвена да го продаде за да се ослободи од неговата плата, а веќе неколку недели се шпекулираше за заминување на Португалецот.
Француски „Л’Екип“ објави дека Јувентус е заинтересиран за Мауро Икарди, кој би можел да го замени Роналдо доколку португалската ѕвезда реши да го напушти тимот од Серија А.
Јувентус нема пари за да го купи Аргентинецот, а ниту неговата плата не е мала, па само заминување на Роналдо би дозволило реализација на трансферот.
Икарди не е во прв план кај Маурицио Покетино, па се очекува да го напушти клубот во случај да добие вистински понуди.
Аргентинскиот напаѓач пристигна во ПСЖ пред две години на позајмица од Интер, а потоа беше откупен за 50 милиони евра.