Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неколку месеци се шпекулира дека Милан ќе го купи Никола Влашиќ, а сега „росонерите“ ја испратиле и првата понуда на адреса на ЦСКА Москва.
„Росонерите“ испратиле пет милиони евра за едногодишна позајмица плус 20 милиони евра за откуп на договорот на Влашиќ.
ЦСКА реши да го продаде хрватскиот репрезентативец, но само ако вкупната висина на трансферот достигне 30 милиони евра, па Милан ќе ја зголеми понудата ако има потреба за такво нешто.
За три месеци Влашиќ полни 24 години и тој пристигна во ЦСКА на позајмица од Евертон во 2018 година, каде што се наметна како добро засилување и на 103 настапи постигна 33 гола.
Милан досега се засили со неколку фудбалери, а очигледно немаат намера „росонерите“ да застанат.