ПСЖ ќе ги надмине „галактикосите“ на Реал – се подготвува голема размена!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо пред неколку дена привлече големо внимание на јавноста со објавата на социјалните мрежи. Португалецот во моментов се наоѓа на одмор и треба да им се приклучи на останатите соиграчи од Јувентус за подготовките.

Меѓутоа, Роналдо објави фотографија пред својот Ролс Ројс и напиша „Ден на одлука“, а многумина тоа го протолкуваа како порака дека Португалецот ќе замине од Јувентус ова лето.

Роналдо со „Старата дама“ има договор на уште една година, но во последно време се шпекулира дека би можел да го напушти тимот од Торино.

Јувентус нема ништо против тоа да го продаде Роналдо ова лето доколку дојде вистинска понуда затоа што на крајот на сезоната ќе го напушти клубот како слободен играч.

„Л’Екип“ синоќа објави дека Роналдо следната сезона би можеле да го гледаме во дресот на ПСЖ, кој подготвил интересна понуда за Јувентус, а не би било изненадување доколку „Старата дама“ се согласи на такво нешто.

Парижаните на Јувентус му го нудат Мауро Икарди, кој стана вишок во тимот од Франција, додека Роналдо треба да пристигне во францускиот вицепрвак.