Гвардиола ќе мора да жртвува ѕвезда поради трансферот на Кејн!?

Англиските медиуми пишуваат дека Хари Кејн ќе потпише со Манчестер сити, откако Тотенхем прифатил понуда од 187 милиони евра.

Британски „Сан“ го најави сензационалниот трансфер, а Кејн ќе добие плата од 470.000 евра неделно и ќе биде еден од најплатените фудбалери во светот.

Кејн долго време не беше задоволен во Тотенхем, па неодамна ја соопшти својата одлука за напуштање на тимот, а од тогаш се чекаше само вистинска понуда.

Сити, освен Кејн, го сака и Џек Грилиш од Астон Вила, но ќе мора да продава фудбалери за да го среди буџетот и да го испочитува финансискиот фер-плеј.

Прва жртва на трансферот на Кејн ќе биде Бернардо Силва, кој би требало да замине, а Сити чека понуда за неговите услуги.

Се шпекулира дека Монако е најблиску до трансфер на Силва, а освен тоа „граѓаните“ ќе ги продаваат и Ријад Марез, Рахим Стерлинг и Габриел Жесус.