ПСЖ ќе го загуби Мбапе, ама ќе добие три големи засилувања!?

ПСЖ преговара долго време со Килијан Мбапе за нов договор, но никако не можат да се договорат, па поради тоа Насер Ал-Келаифи наводно решил да го продаде Французинот во Реал Мадрид.

Реал најверојатно прво ќе го земе Мбапе на позајмица со обврска да го откупи на крајот на сезоната, а тоа ќе му даде простор на тимот од Париз да си купи три големи засилувања.

Првото би бил Кристијано Роналдо, кој долго време се поврзува со трансфер во ПСЖ, а потоа парижаните ќе тргнат по потписот на Пол Погба од Манчестер јунајтед.

ПСЖ бара и замена за Кимпембе, а изборот паднал на Калиду Кулибали од Наполи, а тоа ќе биде и последна шанса за Аурелио Де Лаурентис да го продаде дефанзивецот.