Со Пепе нема пријателски меч – веднаш се „фати за гуша“ со Михтарјан 🎥


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Инцидент се случи на пријателскиот натпревар меѓу Порто и Рома. Искусниот дефанзивец Пепе имаше опасен старт врз Хенрик Михтарјан, па Ерменецот се изнервира и го нападна неговиот ривал.

Пепе во текот на целиот дуел играше грубо, а на тоа се жалеше и Жозе Мурињо, по што ескалираше ситуацијата на теренот во 64. минута.

Веднаш интервенираше и судијата, како и останатите фудбалери кои спречија поголема тепачка меѓу фудбалерите, а потоа продолжи натпреварот.