Ѓоковиќ разочаран: Ми се распадна играта, се чувствувам ужасно!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е разочаран по двата порази денеска, во сингл и во мешани двојки.

Ѓоковиќ во сингл-конкуренција загуби од Александар Зверев со 6-1, 3-6 и 1-6.

„Ужасно. Се чувствувам ужасно. Тоа е спортот. Тој играше подобро. Морам да му оддадам почит за пресвртот. Сервираше многу добро. Не добивав многу шанси на неговиот втор сервис, а мојот сервис беше лош. Играта ми се распадна, мислам дека освои осум гемови. Застанав, му дадов шанса да нападне“, вели Ѓоковиќ.

На Ѓоковиќ ќе му биде потребно време за да се смират страстите и да се соочи со поразот.

„Не знам. Се чувствувам ужасно, но утре се надевам на свеж почеток“, вели Србинот.