Распродажба во Париз: ПСЖ продава 10 фудбалери поради Меси!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ сака да го ангажира Лионел Меси, а тоа нема да чини воопшто малку, па поради тоа би можеле да бидат продадени дури 10 фудбалери на францускиот вицепрвак.

Меси се раздели со Барселона, по што ПСЖ имал состанок со таткото на Аргентинецот, а потоа и тренерот Маурицио Покетино доби повик да почне со правење простор за одличниот Аргентинец.

Доаѓањето на Меси на „Паркот на принцовите“ е само прашање на време. Се договараат последните детали, а Аргентинецот ќе добие тригодишен договор со 40 милиони евра по сезона.

Меѓутоа на некои фудбалери нема да им биде мило затоа што ќе мора да заминат од Париз, па дури 10 играчи се на продажба.

Во Париз имаат доволно време да се ослободат од непотребните фудбалери, затоа што преодниот рок во Лига 1 трае до 20 септември.