Дончиќ доби нов договор, па Редик си ги побара парите: Врати ми ги тие што ги должиш!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го продолжи договорот со Далас маверикс, па во следните пет години тој ќе заработи неверојатни 207 милиони долари.

Словенецот во претходните три сезони стана еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата со просек од 25,7 поени, 8,4 скокови и 7,7 асистенции по натпревар.

Ова беше повод и за поранешниот соиграч на Дончиќ, Џеј Џеј Редик, кој се пошегува со Словенецот и побара од него да му ги врати 1.700 долари кои му ги должел најдобриот кошаркар на Далас.