Одби 84 милиони долари од Лејкерс и направи животна грешка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот кошаркар Денис Шрудер направи голема грешка кога на почетокот на годинава одби нов договор со Лос Анџелес Лејкерс.

Тимот од Лос Анџелес на 27-годишниот кошаркар му понуди договор од 84 милиони долари на четири сезони, односно 21 милион по сезона.

Меѓутоа, Шрудер сметаше дека вреди многу повеќе, па ја одби оваа понуда од раководството на Лејкерс и стана слободен агент летово.

На крајот тоа се покажа како голема грешка, зашто Шрудер не привлече голем интерес, а никој не помисли да му даде сличен договор на тој од Лејкерс.

На крајот Шрудер заврши во Бостон селтикс за скромни 5,9 милиони долари за една сезона и Германецот направи животна грешка.