Мбапе не сака да игра со Меси, во понеделник ќе ја соопшти неговата иднина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пишува за францускиот напаѓач од ПСЖ, Килијан Мбапе, кој не е среќен поради пристигнувањето на Лионел Меси во екипата.

Мбапе ќе разговара во понеделник со раководството на ПСЖ и тогаш ќе објави што ќе биде со неговата кариера.

„Газета“ објави дека Реал Мадрид уште е заинтересиран за потписот на Мбапе и сака да го ангажира уште летово, иако не се исклучува можноста тоа да се случи следната година.

Шпанското радио „Кадена СЕР“ ги потврди шпекулациите и додаде дека Реал би можел да испрати понуда од 120 милиони евра до Париз.

Мбапе е под голем притисок од ПСЖ за да потпише нов договор, а претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи кажа дека нема изговори за Французинот и треба да потпише нова соработка.