Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По првото полуфинале на Мастерсот во Синсинати, Данил Медведев збесна на организаторите кога се судри со камерата, а скандал се појави и во второто полуфинале кога Александар Зверев го обвини Стефанос Циципас за мамење.
Зверев тврди дека Циципас при заминување во тоалет комуницира со татко му и тренерот преку телефон, а тоа е забрането.
„Ги зема работите со себе и му се јавува на татко му на мобилниот телефон од тоалет. Тоа се случи во Париз и ќе се случува секаде каде што ќе игра“, кажа Зверев.
Навивачите го исвиркуваа Циципас откако се врати на теренот, а Гркот го доби вториот сет, по што Зверев славеше во тај-брејк на третиот сет.