Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Медицинскиот тим кој му го спаси животот на Кристијан Ериксен на Еуро 2020 во јуни, ќе добијат Претседателски награди од УЕФА.
Веста беше потврдена од главното седиште на организацијата во Нион и тоа преку соопштение на Александар Чеферин.
Освен докторите на Данска, награда ќе му биде доделена и на капитенот и дефанзивец Симон Кјаер.
„Оваа година, Претседателската награда ќе служи како потсетник колку животот е важен“, соопшти Чеферин.
Ериксен најверојатно нема да ја продолжи кариерата затоа што тоа не му го дозволуваат правилата во Италија, па тој можеби ќе мора среќата да си ја бара на друго место доколку сака да игра фудбал.