УЕФА ги додели наградите: Жоржињо е најдобар во Европа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


При ждрепката за групната фаза од Лигата на шампиони, УЕФА ги додели и индивидуалните награди за минатата сезона на најдобрите фудбалери.

Титулата за најдобар играч во Европа ја доби Жоржињо, кој со Челси ја освои Лигата на шампиони, а потоа со Италија го освои Европското првенство.

Нголо Канте е избран за најдобар играч за врска за минатата сезона во елитното натпреварување, а наградата за најдобар напаѓач ја доби Ерлинг Халанд.

За најдобар дефанзивец беше избран Рубен Дијас од Манчестер сити, кој зад себе има фантастична сезона во дресот на премиерлигашот, а најдобар голман е Едуард Менди од Челси.

„Претседателската награда“ на УЕФА ја добија членовите на медицинскиот тим на данската репрезентација и капитенот Симон Кјаер, кои му го спасија животот на Кристијан Ериксен.