Кејн ќе остане во Тотенхем ама ако добива речиси пола милион евра неделно!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Хари Кејн соопшти дека ќе остане во Тотенхем, иако постоеше голем интерес од Манчестер сити за неговите услуги. Сепак, тимовите не се договорија, а одличниот напаѓач реши да не го менува клубот.

Медиумите пишуваат дека Кејн ќе остане во Тотенхем и ќе го продолжи договорот, но тоа ќе се случи само под еден услов, а тоа е да добие поголема плата.

Англичанецот сака плата од 465.000 евра неделно, па така ќе ја надмине конкуренцијата од Манчестер сити, Кевин де Брајне и Џек Грилиш.

Исто така, Кејн побарал опција да може предвреме да замине, доколку пристигне понуда која ќе биде доволно добра за двете страни.

„Граѓаните“, од друга страна, не се откажуваат од засилувања, па сега сакаат да го купат Кристијано Роналдо.