Реал Мадрид подготвува изненадување за Мбапе – има две опции!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид планира да го претстави Килијан Мбапе откако тој ќе стане официјално нивни фудбалер и ќе замине од ПСЖ.

„Кралевите“ направија спектакуларна забава за промоцијата на Кристијано Роналдо, а сега би можело да се случи нешто слично.

Постојат две опции, а „кралевите“ сакаат да ги испочитуваат здравствените протоколи поради ковид-19.

Реал Мадрид сака да го промовира Мбапе на стадион каде што ќе има присуство на одреден број навивачи, а ако се случи такво нешто, тогаш датумот ќе биде 9 или 10 септември, кога Мбапе ќе се врати од репрезентативните обврски.

Во меѓувреме, втора опција е да биде промовиран на 11 септември, пред првиот меч на реновираиот „Сантијаго Бернабеу“, кој ќе прими ограничен број на навивачи.