Роналдо не може да носи дрес со број седум освен ако Јунајтед не направи преседан!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо во спектакуларен пресврт се врати во Манчестер јунајтед, иако беше блиску до потпис со Манчестер сити. По 12 години повторно го облече дресот на клубот во кој се прослави, но овој пат има проблем, а тоа е дресот на бројот.

Роналдо играше во Јунајтед во период од 2003 до 2009 година, кога замина во Реал Мадрид. По доаѓањето во Манчестер тој сакаше да го носи бројот 28, кој го имаше и во Спортинг Лисабон, но Сер Алекс Фергусон му ја додели „седумката“.

Сега по доаѓањето во Јунајтед не може повторно да го има бројот кој го сака затоа што Едисон Кавани го има тој број, а според правилата на Премиерлигата, играчите не можат да менуваат број во текот на сезоната освен во два случаи.

Првиот е доколку играчот со тој број не го напушти тимот, а вториот е Премиерлигата да даде посебна дозвола за такво нешто, а тоа не се случило никогаш досега.