Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанска „Марка“ објави дека Килијан Мбапе е нов фудбалер на Реал Мадрид и требаше вчера официјално да биде потрдена веста, но тоа не се случи затоа што ПСЖ не попушта.
ПСЖ решил да ја одбие и втората понуда на „кралевите“ која изнесуваше 170 милиони евра плус 10 милиони во бонуси.
Француските медиуми откриваат дека ПСЖ нема да попушти и ќе го продаде Мбапе само за 200 милиони евра, односно ќе ги одбие сите други понуди помали од таа.
Парижаните не сакаат да ја намалат цената затоа што мора да му платат 35 милиони евра на Монако поради клаузула во договороот.
ПСЖ со ова ризикува да остане без пари бидејќи Мбапе има договор до следното лето, а доколку Реал Мадрид се откаже од трансфер, тогаш францускиот играч ќе замине бесплатно.