Реал го одбил ПСЖ за трампа, а ако не го направел тоа, Мбапе сега ќе го носеше „кралскиот дрес“?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид и ПСЖ ги продолжија преговорите за Килијан Мбапе, а сега се појавија нови информации. „Кралевите“ понудиле 200 милиони евра, односно 170 милиони веднаш и 30 милиони преку бонуси.

Се шпекулира дека ПСЖ не попушта во преговорите само затоа што не успеал да пронајде замена за Мбапе, а една од желбите бил Винисиус Жуниор, кој требало да биде вклучен во трансфер, но Реал ја одбил таа опција.

Фабрицио Романо откри дека не постои шанса ниту Ферлан Менди да биде вклучен во трансферот, зашто ниту еден играч не бил дел од операцијата.

ПСЖ денеска наводно побарал неверојатни 250 милиони евра, но такво нешто нема никој да им понуди затоа што Мбапе има договор до следното лето.

Шпанските медиуми ја следат будно ситуацијата за Мбапе и откриваат информации од минута во минута, иако не може да им се верува на сите.