Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид не успеа да го купи Килијан Мбапе во летниот преоден рок, иако неколку дена се обидуваше да ги убеди парижаните да се согласат за трансфер.
„Кралевите“ денеска испратија последна понуда од 220 милиони евра, но ПСЖ не попушти и не го продаде Мбапе.
Реал претходно испрати неколку понуди, но тие не ги задоволија барањата на парижаните, кои потоа се откажаа од намерата да го продадат Мбапе.
Мбапе би можел следното лето да си замине на слободен трансфер затоа што Французинот има договор до следното лето, а шпанските медиуми тврдат дека ПСЖ смета дека ќе го задржи напаѓачот поради доаѓањето на Лионел Меси во екипата.