Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид испрати понуда од 220 милиони евра за Килијан Мбапе, но не доби позитивен одговор, што значи дека можноста за трансфер пропадна во последниот ден од преодниот рок.
Парижаните не сакаат да го продадат Мбапе на кого му го понудија вториот најголем договор во историјата на фудбалот.
Нивната понуда е 45 милиони евра по сезона и така до 2024 година, па само Лионел Меси би имал поголема плата, односно околу 50 милиони евра.
Мбапе ја одбил и таа понуда затоа што инсистира на трансфер во Реал Мадрид, па останува да видиме каков ќе биде епилогот од целата сапуница.
Доколку не биде продаде ова лето, тогаш Мбапе може да замине целосно бесплатно во следниот преоден рок.