Мбапе објави, па избриша на Инстаграм: Разочарувањето е очигледно…


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Килијан Мбапе летово не успеа да си го исполни сонот, односно да го облече дресот на Реал Мадрид затоа што ПСЖ ги одби сите понуди на шпанскиот гигант.

Очигледно Мбапе е разочаран со фактот дека не заврши во Реал, па синоќа се појави една објава од неговиот пријател на Инстаграм.

„Почит пријателе за твојот професионализам. Одложи ги соништата за подоцна. Животот е убав. Ти си најдобар“, напиша неговиот пријател.

Неколку минути подоцна Мбапе ја избриша објавата, меѓутоа фановите веќе успеаа да го забележат тоа и да го објават повторно на социјалните мрежи.

Францускиот напаѓач ги одби сите понуди на ПСЖ за нов договор и во јуни следната година ќе биде слободен играч.