Хорор за Меси: Фудбалер од Венецуела сакаше да му скрши нога со опасен старт! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Аргентина вчера славеше со 3-1 на гости кај Венецуела во мечот од квалификациите за Светското првенство (СП).

Аргентинците успеаа да слават во квалификациите, а на теренот блескаа Лаутаро Мартинез и Јоакин Кореа, кои ѝ донесоа три бода на својата репрезентација.

„Гаучосите“ постигнаа гол во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме преку Мартинез, по што Кореа даде два гола во 71. и 74. минута.

Меѓутоа, сцената која го одбележа натпреварот се случи во 27. минута, кога Адриан Мартинез доби директен црвен картон поради опасен старт кон Меси.