Лудница во Манчестер: Сите ја сакаат „седумката“ на Роналдо 🎥


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Кристијано Роналдо се врати во Манчестер јунајтед по 12 години, а тоа предизвика еуфорија меѓу навивачите на тимот, кои сакаа да го купат неговиот нов дрес.

Манчестер јунајтед успеа од Премиерлигата да добие дозвола за промената на бројките за Роналдо да ја добие „седумката“ на Едисон Кавани.

Ова е првпат некој да добие таква дозвола во историјата на Премиерлигата, и тоа е уште еден доказ за тоа колку е важен Роналдо.

„Седумката“ на Роналдо беше претставена синоќа, а денеска пред „Олд Трафорд“ имаше големи колони со луѓе поради дресовите.