Бразилец го откри разочарувањето: Бев повреден, сакав да останам во Барселона, но ме избркаа...

Емерсон Ројал пред неколку месеци пристигна во Барселона, но во екипата од Каталонија се задржа речиси месец ипол, по што беше продаден во Тотенхе.

Бразилецот одигра три меча за Барселона и изгледаше солидно на теренот, но каталонскиот гигант реши да го продаде во Премиерлигата, а Емерсон откри како се чувствува поради тоа.

„Сонував да играм за Барселона, како дете го гледав клубот поради Роналдињо, подоцна поради Меси, Алвес, Нејмар…Дани Алвес беше мојот идол и се надевав дека можам да бидам успешен како него во Барселона…Мислев дека клубот сака да останам затоа што во неделата играв со Гетафе. Другиот ден дојдов на тренинг и видов дека Тотенхем испратил понуда и клубот сакаше да ја прифати, не знаев зошто. Ми кажаа дека финансиската ситуација не била добра и дека затоа мора да бидам продаден. Желбата моја беше да останам, меѓутоа сфатив дека такво нешто нема да биде можно. Бев повреден“, кажа Бразилецот.