Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид е убеден дека од следното лето Килијан Мбапе ќе игра за нивната екипа, но таа операција ќе биде скапа, иако фудбалерот има договор со ПСЖ до јуни 2022 година.
Шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид би можел да плати до 80 милиони евра за бонуси за трансферот на Мбапе.
Шпанска „Марка“ пишува дека постои интерес од многу тимови за Мбапе, кој е еден од најдобрите напаѓачи во светот, па неговиот менаџер сака да добие што е можно повеќе пари.
ПСЖ во моментов се обидува да го продолжи договорот со Мбапе, иако тоа не им оди бидејќи Французинот неколку пати одби да стави потпис на договор.
Мбапе од 1 јануари 2022 година има право да потпише пред-договор со заинтересиран тим, а потоа да го засили тој клуб во јуни.