Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската репрезентација може да жали што од Исланд се враќа со само еден освоен бод, бидејќи имаше два гола предност до самиот крај (2:2).
Избраниците на Милевски одлично го отворија мечот и дојдоа до водство во 12-та минута со голот на Велковски, кој беше најспретен после еден корнер.
Македонија ја контролираше играта и можеше до полувреме да ја зголеми предноста, но на одмор се замина 0:1.
Вториот дел започна исто со доминација на Македонија која кулминираше во 54-та минута со Алиоски, кој зголеми на 2:0 после една одлична соло акција.
Тогаш избраниците на Милевски како да се опуштија па во 64-та минута примија гол, кој беше поништен од ВАР.
Исланд ни ја „украде“ победата со два брзи гола од 78-та до 84-та минута, а и среќата ни го заврти грбот бидејќи во судиското продолжение Чурлинов го совлада голманот, но дефанзивецот на Исланд ја исфрли топката пред гол линијата.