Роналдо уште не заиграл, а веќе почна да руши рекорди во Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо се врати во Манчестер јунајтед и тоа ги израдува навивачите на премиерлигашот.

Интересно е тоа што дресот со број седум на Роналдо за само 12 часа беше продаден во огромни количини и беа потрошени 32,5 милиони фунти на дресови, што е рекорд во Премиерлигата.

Колку за споредба со дресот на Лионел Меси во ПСЖ, тогаш се потрошија 40 милиони евра за само три дена.

Едисон Кавани минатата сезона го носеше дресот со број седум, но сега реши да му го препушти на неговиот колега, а дозвола даде и Премиерлигата.

Роналдо се очекува да дебитира следниот викенд на натпревар против Њукасл.