Челси ќе се раздели со најдобриот фудбалер во Европа?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Жоржињо би можел да го напушти клубот и пред завршување на договорот во 2023 година, а тоа го најави неговиот менаџер Жоао Сантош.

Сантош кажа дека враќањето на Жоржињо би било остварување на сонот за италијанскиот репрезентативец.

Жоржињо во 2018 година од Наполи се пресели во Челси за 50 милиони фунти, но очигледно би можел да замине наскоро.

„Жоржињо има договор со Челси до јуни 2023 година, а за него сон би било да се врати во Италија и се надеваме на освојување на Светското првенство. Ќе видиме што ќе се случува во следните години и каква ќе биде ситуацијата“, кажа менаџерот на Жоржињо.