Емотивна сцена на „Олд Трафорд“: Мајката на Роналдо се расплака по првиот гол на Португалецот 📸


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манчестер јунајтед денеска славеше со 4-1 против Њукасл во четвртото коло од англискиот шампионат, а во центар на внимание е Кристијано Роналдо.

Роналдо стана најстар стрелец на Јунајтед од февруари 2013 година и Рајан Гигс, а освен него голови постигнаа и Бруно Фернандеш и Џеси Лингард.

На трибините на „Олд Трафорд“ во текот на мечот беше забележана и мајката на Роналдо, Долорес Аверио, која се расплака по првиот гол на Португалецот.