Роналдо даде три гола во најсилната лига, а Меси не може ни еден во „фармерската лига“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ривалството меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси трае со години, а оваа сезона подобро на теренот делува Португалецот, кој постигна три гола за разлика од Аргентинецот.

Меси има лош почеток на сезоната во Франција и не постигна ниту еден погодок, па навивачите решија да го нападнат преку социјалните мрежи.

Аргентинската ѕвезда одигра три меча за ПСЖ во Лига 1 и не постигна ниту еден гол, додека Роналдо за Манчестер јунајтед постигна четири голови од кои три во Премиерлигата.

„Меси не постигна гол и на својот трет натпревар во фармерската лига, додека Роналдо постигна три во најтешката лига во светот“, беа пораките на навивачите.