Роналдо пред да потпише за Јунајтед бил понуден на шпански гигант!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид имал шанса ова лето да го ангажира Кристијано Роналдо, но се откажал од трансферот поради страв од реакција на своите навивачи.

Роналдо го напушти Јувентус, а неговиот менаџер Жорж Мендеш прво го понудил на Атлетико, но раководството на тимот не сакало да ризикува поради тоа што Португалецот претходно играше девет години во Реал Мадрид.

Откако Атлетико ја одби понудата, Манчестер сити се појави како најголем фаворит, но и „граѓаните“ се откажаа од преговорите, по што Роналдо потпиша за Јунајтед, каде што играше од 2003 до 2009 година.

Роналдо со Јунајтед потпиша договор на две години, а Јувентус доби 23 милиони евра како отштета.