Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги повика навивачите да останат со клубот и да даваат поддршка затоа што се наоѓаат во тешка ситуација.
Каталонскиот клуб лошо ја почна новата сезона без Лионел Меси, па поради тоа се најавува отказ на тренерот Роналд Куман.
Навивачите воопшто не се задоволни со моменталната ситуација, но првиот човек на клубот ги повика да бидат трпеливи.
„Ве повикувам да продолжите да го поддржувате нашиот тим. Знаете дека минуваме низ тешки моменти, поради што е потребно да останете со нас. Против Кадиз мора да победиме. Не знам што ќе се случи, но продолжете да го поддржувате нашиот тим“, вели Лапорта.