Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона во средата доживеаа дебакл на гостувањето кај Бенфика во Лисабон со 0-3. Каталонскиот тим по две одиграни кола во Лигата на шампиони нема освоено ниту еден бод, а на удар на жестоки критики е тренерот Роналд Куман.
Жоан Лапорта по натпреварот влегол во соблекувалната за да разговара со фудбалерите, а шпанските медиуми пишуваат дека Куман воопшто не сакал ниту да се поздрави со нив.
Тоа што најмногу ги повреди и налути навивачите на Барселона е начинот на кој Куман го понижи Жерар Пике на натпреварот.
Пике на теренот беше само половина час, по што Куман го замени. Иако многумина сметаа дека искусниот играч е повреден, сепак по мечот беше откриено дека нема такво нешто.
Дефанзивецот е лут поради измената и начинот на кој се однесува Куман кон него, и покрај тоа што минатото лето реши да прифати помала плата за да може Барселона да ги регистрира новите засилувања.