Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер сити минатиот викенд одиграа 2-2 против Ливерпул, а презимето на шпанскиот тренер во последните денови често се споменува во медиумите поради неговата ќерка Марија, која е во љубовна врска со фудбалерот на Тотенхем, Деле Али.
Доказ за романсата се и дел од фотографиите кои се појавија на интернет, а на кои може да се забележи новиот пар. Ќерката на еден од најдобрите тренери неодамна беше фатена како се бакнува со Али во бар на врвот на една зграда во Лондон.
Фудбалерот неодамна се раздели со супермоделот Руби Ми, со која пет години беше во врска, а како причина за крај на љубовта е тоа што Али не ѝ посветувал доволно внимание.
Англиските медиуми пишуваат дека Гвардиола не сака премногу неговото семејство да се споменува по медиумите, а уште помалку сака неговата ќерка да се забавува со фудалерот, кој е познат како непримерно момче.