„Што требаше да направам? Да го пуштам Мбапе и да се надевам дека е офсајд?“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанската репрезентација загуби во финалето на Лигата на нации со 1-2 од Франција, а на „Сан Сиро“ беше забележана една контроверзна одлука на судиите при вториот гол на „галските петли“.

Многумина сметаат дека голот на Мбапе во 80. минута требало да биде поништен, што е логично кога ќе ја погледнете повторената снимка, но така не сметаат Ентони Тејлор и ВАР-собата.

Објаснувањето на Тејлор беше бизарно. Тој кажа дека дефанзивецот Ерик Гарсија се обидел да ја исфрли топката, но не успеал и судиите сметале дека тоа е почеток на нова акција и не е офсајд.

Сепак, Гарсија не го промени ниту правецот на топката, ниту влијаеше премногу на акцијата, па затоа е гневен.

„Мбапе беше во офсајд, а судијата ми вели дека јас намерно сум играл со топката. Што требаше да направам? Да се тргнам на страна и да го пуштам Мбапе да помине, па да се надевам дека ќе досудат офсајд? Изгледа такви се сега правилата…“, вели Гарсија.