Милан преку ноќ ангажираше човек кој им е најпотребен во моментов! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан конечно има конкурентен тим кој може да се бори за Скудетото. „Росонерите“ одлично ја почнаа новата сезона и имаат 19 бодови од седум натпревари.

Одличен на почетокот беше голманот Мајк Мењан, кој пристигна минатото лето како големо засилување.

Мењан на почетокот на неделата се повреди и ќе мора да оди на операција на зглобот, а поради тоа ќе паузира неколку недели.

Поради тоа „росонерите“ реагираа експресно и го ангажираа Антонио Миранте, кој утрово ги помина медицинските прегледи, а ќе потпише договор со Милан до следниот јуни.

Овој 38-годишен фудбалер неколку месеци беше слободен играч по завршување на договорот со Рома.