„Мундо Депортиво“: Пет фудбалери доаѓаат бесплатно во Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона се наоѓа во тешка финансиска криза и клубот должи повеќе од милијарда евра, а долго само во минатата сезона се зголеми за речиси 500 милиони евра.

Претседателот Жоан Лапорта се обидува да го врати тимот на врвот, но засега тешко му оди по план, а „Мундо Депортиво“ открива дека Барселона ќе се обиде да земе уште пет фудбалери следното лето.

Една од желбите на Лапорта е Андре Онана од Ајакс, додека уште двајца фудбалери се очекуваат од Челси и тоа се Цезар Аспиликуета, како и Антонио Рудигер за кој ќе мора да води битка со неколку гиганти.

Барселона исто така ќе се бори против Манчестер јунајтед и Реал Мадрид за Пол Погба и Франк Кеси, кои од следното лето се слободни играчи.