Уште колку ќе остане Ѓоковиќ на врвот на АТП?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сигурно ќе остане на првото место на АТП-листата барем до 22 ноември, откако Данил Медведев не успеа да се искачи на врвот зашто загуби во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс.

Србинот и математички е невозможно да ја загуби првата позиција пред 22 ноември, а тоа значи дека најдобриот тенисер во светот ќе седи на врвот вкупно 347 недели.

Медведев има тежок распоред за да го премине Ѓоковиќ до крајот на сезоната, а доколку сака да заврши на првото место, тогаш Русинот ќе мора да игра на повеќе турнири и сите да ги освои.

Ѓоковиќ со освојување на титулата во Париз би го обезбедил првото место до крајот на годината, и тоа по рекорден седми пат, без оглед на резултатите кои ќе ги оствари Медведев.

Србинот, според бодови освоени годинава, го има првото место со 8.370 бодови, додека втор е Медведев со 6.380 бода.