Роналдо им се „истури“ на критичарите: Ќе ви ја затворам устата како и секогаш!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Роналдо се врати во Манчестер јунајтед минатото лето, па постигна неколку важни голови, но и покрај тоа често го критикуваат.

Се чека секој погрешен потег на Португалецот за да го критикуваат, но тој покажа зошто е еден од најдобрите во историјата.

Најмногу критики на сметка на Роналдо пристигнаа поради тоа што не е заинтересиран кога станува збор за одбрана.

„Знам кога на момците им треба моја помош во одбраната, но моја улога е да давам голови и дефанзивниот дел не е моја работа. Луѓето тоа не сакаат да го видат и затоа не ме сакаат, но да бидам искрен, имам 36 години и освоив сѐ, па затоа не ме загрижува тоа што зборуваат. Продолжете да зборувате, а јас ќе ви ја затворам устата како и секогаш“, порача Роналдо до неговите критичари.