Роналдо искрен: Дојде време! Навивачите заслужуваат многу подобро!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо по катастрофалниот пораз од Ливерпул кажа дека навивачите заслужуваат многу подобри резултати од екипата.

Екипата на Јирген Клоп славеше во Манчестер со 5-0 и уште повеќе ја продлабочи кризата во Јунајтед.

„Понекогаш резултатот не е таков за каков што се бориме. Понекогаш резултатот не е таков каков што сакаме. И за тоа ние сме виновни, никој друг. Нашите навивачи повторно беа одлични, ни дадоа поддршка. Тие заслужуваат многу подобро од ова, мора да се потрудиме. Дојде време“, кажа Роналдо.

Јунајтед во последните четири кола освои само еден бод и сега со 14 бодови се наоѓа на седмата позиција. Челси е лидер со 22, по што следат Ливерпул со 21 и Манчестер сити со 20 бода.