Чави го отпиша засилување на Куман – сака во јануари да го испрати дома!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чави сѐ уште не го презема тимот на Барселона, но веќе мисли на иднината на неговиот поранешен клуб.

Поранешниот фудбалер на Барселона сака прво да го избрка Лук Де Јонг, кој беше засилување на Роналд Куман од Севиља.

Уште во јануари Барселона сака да се ослободи од Де Јонг и да го врати во Севиља од каде што дојде на позајмица, а најверојатно тоа нема да биде единствената промена.

Чави доаѓа со услов да му се обезбеди одреден буџет за засилувања во јануари, а негов приоритет ќе биде крилен играч.

Исто така, тој од клубот бара да му дозволи со себе да го земе цел стручен штаб со кој работи во Ал-Сад и да му даде доволно време и простор за организација на Барселона.