Гром од ведро небо: Агуеро ќе стави крај на кариерата!

Аргентинскиот напаѓач од редовите на Барселона, Серхио Агуеро ќе мора да стави крај на кариерата поради срцевите проблеми со кои се соочува.

Докторите потврдиле дека неговите проблеми се сериозни и го известиле дека постои опасност да ја заврши кариерата, што воопшто не е добра вест за Барселона.

Аргентинецот заврши во болница неодамна, каде што му беше дијагностицирана аритмија на срцето и во следните три месеци нема да може да настапи за каталонскиот гигант.

Што се однесува до неговото лекување, засега не е познато колку време ќе трае бидејќи тоа зависи од докторите.

Барселона не се јави со соопштение за целата ситуација и ги чека конечните резултати од сите тестови за тоа дали ќе го изгуби одличниот напаѓач.