„Мбапе секогаш ми зборуваше дека ќе потпише за Реал Мадрид“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Хесе Родригез се врати во Лас Палмас и покажа дека е еден од најдобрите, па постигна шест гола и пет асистенции за клубот кој сака да го врати во Ла Лига.

Фудбалерот е оптимист за иднината, но не го заборава неговото минато со Реал Мадрид и времето поминато во ПСЖ со Килијан Мбапе.

„Кога бевме двајцата во ПСЖ и разговарав со него, тој ми кажа дека ќе игра за Реал Мадрид еден ден. Не знаеше ниту самиот дали тоа ќе биде за една, две или три години, но неговата намера е да игра за шпанскиот тим“, кажа Хесе.

Новинарите го прашаа Хесе и дали знае нешто за можноста Мбапе да потпише за Реал Мадрид уште во јануари.

„Тоа е комплицирано, но на краојт секогаш има нешто што ќе ве изненади. Го познавам Флорентино Перез, тој ќе направи што може за да го купи Мбапе“, открива Шпанецот.