Требаше да биде големо засилување за „ѓаволите“, а сега кариерата ќе ја спасува во Реал Мадрид

Манчестер јунајтед го купија талентираниот Дони Ван де Бек за 44 милиони евра од екипата на Ајакс, но Холанѓанецот не добива шанса кај тренерот Оле Гунар Солскјер и поради тоа е нервозен, па често се поврзува со трансфер.

Ван де Бек настапи на 44 натпревари за „ѓаволите“ и притоа постигна еден гол и две асистенции, што е навистина очајно за човек кој беше одличен во екипата на Ајакс.

Реал Мадрид планира да го искористи незадоволството на Ван де Бек, кој има 24 години и му се предвидуваше голема кариера, па доколку се врати во форма, тогаш дефинитивно би бил едно од најдобрите засилувања за „кралевите“.