Не му доаѓа памет: Дембеле направи глупост и сега го чека казна!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона неодамна го вработи Чави Ернандез за тренер, па негова главна задача ќе биде да го промени однесувањето на неодговорните фудбалери, а тоа се однесува на Осман Дембеле.

Дембеле пред неколку дена задоцни на тренингот, а сега направи нова глупост, односно не се појавил на договорениот состанок со Чави и останатите фудбалери.

Французинот за оправдување го имал тоа што сметал дека состанокот е закажан за попладне, а не за утрото.

Шпанските медиуми пишуваат дека Чави ќе го казни Дембеле, но засега не е познато дали казната ќе биде парична или поинаква.