Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер смета дека Мундијалот во Катар е голема грешка, а исто така кажа дека Светското првенство немало да се игра таму ако немало интервенција од бившиот прв човек на Франција, Николас Саркози.
Блатер за исходот при изборот на домаќин за Мундијалот го обвини и поранешниот претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини.
„Без интервенција на Саркози кај Платини, Катар никогаш немаше да има Мундијал“, кажа Блатер.
Платини ги отфрли овие обвинувања и го нападна Блатер.
„Тоа е омраза. Доста беше. Пет години Блатер ги повторува истите работи. Мислев дека со времето ќе стане попаметен, но тој кажува само лаги“, вели Платини.